Категории

Кој треба да биде глава на куќата – мажот или жената?

Познатиот психијатар и книжевник го даде најдобриот одговор на вечното прашање

Дали глава на куќата треба да биде мажот или жената? На прашањето на кое се водат жестоки полемики, својот одговор го даде еден познат срспки академик, угледен психијатар и книжевник, др. Владета Јеротич.

„Се е посложено отколку што изгледа. Ги прашувам поедини епископи како христијанската црква во целина дозволила 2000 години жените да не одат во основно училиште. Жените одамна ги кренаа своите глави и тоа со право. А јас секогаш велам: Жени, немојте да ги плашите мажите, можеби и така настанал патријархатот.

А што било пред патријархатот? Многу веројатно дека бил матријархат, велат антрополозите. Има легенда дека мажите со сила и војна им го одземале од жените. Но тоа не било тој вид на власт која после ја превзеле мажите.
На многу жени тоа им е природно – нека тој биде главата на сеемјството, нека тој го води.
Но зошто не би бил и едниот и другиот? Дополнувајќи се. А пред се, сакајќи се. Бракот не може да биде ист првите неколку години, но сето тоа е нормално.
Да заклучиме. Љубовта е таа која треба да биде „глава“ на секое семејство. Таа е главна и како таква бара рамноправност.

Прегледи:
589
Објавено на:
19.04.2020