Категории

Која е моќта на активниот јаглен и како влијае на кожата?

Зошто оваа супстанција стана beauty опсесја, откријте во продолжение!

Активниот јаглен наоѓа примена во многу бранши на медицината. Таа помага во многу случаеви, од стомачни проблеми, труење па се до изгледот на кожата и убавината.

Јагленот се добива со исклучително силно загревање на материјалите кои се богати со јаглен како што е дрвото, лушпите од кокосов орев, бамбус, коските на маслинките..
Процесот со кој се добива концентрирана супстанција го нарекуваме јаглен и го користиме како гориво. За јагленот да ја добие својата супермоќ, мора да се активира, а тоа се постигнува со негово загревање на пареа на исклучително висока температура. На овој начин се отстрануваат супстанциите од неговиот состав кои се штетни за човечкото здравје.

Активниот јаглен е супстанција која го чисти телото, прави детоксикација на природен начин, која може на пример да помогне во белеењето на забите, а исто така има и анти-ејџ дејство.
Го чисти телото од токсините на медицински ниво, и е многу моќен но во мали дози.

Кога го чистите лицето со активен јаглен во вид на маска за лице, таа ги отстранува сите нечистотии и маснотии од него, со еден збор упива како сунѓер.

Кога се забите во прашање, една студија вели дека тој и не е баш толку безопасен колку што се чини. Но бројни научници тврдат дека тој е всушност одличен начин за избелување на забите. Постојат бројни препарати за избелување кои содржат активен јаглен, но тие советуваат дека треба да се внимава со нивната употреба во преголема мера.

Прегледи:
461
Објавено на:
28.11.2019