Која е најчеста причина за развод?

Сведоци сме на се поголем број на разводи, за разлика од седумдесетите, бројката денес е зголемена за 40-50%. Но кои се причините кои ги тераат брачните партнери да ја прекинат заедницата?

Има повеќе причини, а според истражувањето спорведено од Институтот Аустин, на листата најчести причини, неверството е на прво место.

Истражувањето исто така покажува дека жените се тие кои се повеќе склони да бараат развод, дури 55% рекле дека тие биле иницијатори. Како потврда за тие податоци се 42% од машкиот пол кој признале дека нивните сопруги биле иницијатори или повеќе сакале бракот да прекине.

Која причина е втора на листата? Апатија, незаинтересираност. Врските се како грижата за растение. Иако на пример „не го изневеруваш“ растението, доколку не го наводнуваш и не му обезбедуваш доволно сончева светлина, ќе овене.

Повеќето луѓе кога се разведуваат, имаат повеќе причини, не само една. Ова е листата на најчестите причини:

Неверство од било чија страна: 37%
Имаат различни потреби: 32%
Безнадежно постојано работење нештата да профункционираат: 30%
Незрелост на сопружникот: 30%
Емоционална злоупотреба: 29%
Финансиски приоритети: 24%
Алкохол и дрога: 23%

 




Коментари

коментари