Која е најплатената ТВ актерка? Заработува неверојатни 28,5 милиони долари годишно!

Износот од 28,5 милиони долари не го заработува само една, туку дури две актерки го делат првото место.  Најсмешните жени на ТВ екраните, Sofia Vergara и Kaley Cuoco-Sweeting имале прилично добра заработка во 2015 година.

Vergara, ја игра Gloria во Modern Family и е често присутна на Форбс листата, ова е нејзината четврта година по ред на највисоката позиција, но ова е прв пат таа да ја дели со Cuoco-Sweeting, за која се верува дека со нејзината улога како Penny во серијата The Big Bang Theory дури до 1 милион долари по епизода. Најбогатите дами од ТВ екраните се само пола милион долари пократки во заработката од Jim Parsons, ѕвездата од The Big Bang Theory, кој според Форбс е ТВ актер со најголема заработка за оваа година.

На второ место на листата со најголеми заработки од дамите е некој близок до Vergara, тоа е Julie Bowen која е дел од екипата на Modern Family. Трета на листата е ѕвездата на Grey’s Anatomy, Ellen Pompeo, а понатаму следат Mariska Hargitay од Law & Order: Special Victims Unit и Juliana Margulies од  The Good Wife.




Коментари

коментари