Категории

Која е најскапа, а која најевтина репрезентација на Европското првенство?

До почетокот на Европското првенство која оваа година се одржува во Фрaнција не делат само девет дена па низ медиумите се појави информации за најскапа и најевтина репрезентација на шампионатот.

Најскапата репрезентација е тимот на Германија чии 23 фудбалери се проценети на 562 милиони евра. На второто место се наоѓа селекцијата на Шпанија која вреди 557,5 милиони евра, Белгија е трета – 490. милиони евра, а на четвртото место е домаќинот Франција со вредност од 454. милиони евра. Петта е Англија, со вредност од 446. милиони евра.

Португалија каде главна ѕвезда е Кристијано Роналдо е проценета на 321 милиони евра додека најевтиниот национален тим го поседува Унгарија – 27,3 милиони евра.

Прегледи:
342
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
02.06.2016