Категории

Која е новата приказна која “плови” низ течението на Вардар?

Да создадеш нешто различно е секогаш предизвик, излегување од рамките на она што го нуди секојдневието секако е ризик, но кога резултатот е позитивен, тоа води до неповторливо задоволство и уживање. Кога станува збор за нешто поинакво, не може а да не го споменеме новоотворениот кафе бар Сидро – нова приказна која “плови” низ течението на Вардар. Помеѓу скопјани познат како “третиот брод”, а отсега препознатлив  под името “СИДРО” (Anchor).

При посетата на овој несекојдневен кафе бар, добивате чувство како да се наоѓате далеку од скопскиот асфалт, на некое релаксирано егзотично место. Локациски сместен во центарот на градот, а сепак многу поразличен од останатите локали, не само по својата местоположба, туку и по пријатниот амбиент кој веднаш се чувствува.

Специфичниот ентериер внимателно одбран да создава комфор и релаксација, големиот избор на пијалаци, врвната услуга и се тоа проследено со внимателно избрана музика, несомнено ќе го направат Сидро ваша секојдневна станица и место каде што ќе се чувствувате свои. Кафе бар од каде со сигурност ќе излезете насмеани и наполнети со позитивна енергија.

 

Излезете од секојдневната монотонија и “пуштете ги сидрата”, каде времето застанува, задоволството трае, пријателското кафе добива нова димензија, а вечерната пијачка поинаков шмек. Топло ви препорачуваме нешто ново, нешто поинакво нешто ексклузивно – Сидро. 

Прегледи:
586
Објавено на:
21.07.2017