Категории

Која е омилената храна на секој од хороскопските знаци?

Следен пат кога нема да имате идеја за ручек или вечера, посегнете по астролошкиот водич со рецепти и вина кои се прилагодени според секој хороскопски знак.

Овните сакаат лута храна

Првиот огнен знак го воодушевуваат јадења во кои има чили или сос за скара. За крај на вечерата изненадете го со чоколаден десерт кој се топи во уста.

За Биковите најважен е амбиентот

Биковите уживаат во луксуз и за нив храната не е само храна, туку и емоционално задоволство. Одличен избор е сочно парче од говедско месо. Но, тајната е во изборот на парче месо кое е прошарано со малку маснотија – Бикот тоа едноставно го обожава.

 

Близнаците секогаш избираат егзотично

Близнаците се одлични гости: шармантни и со задоволство го забавуваат целото друштво, а кога се работи за храната најчесто не се премногу пребирливи. Сепак, склони се кон новитети, па посебно ги воодушевуваат рецепти и намирници од други краеви на светот.

 

За Раковите само лесна храна

Раковите уживаат во интимна атмосфера со пријатно опкружување и сами придонесуваат во создавањето на таквата атмосфера. По француска супа од лук, препуштете им го местото на каучот со чаша шери.

 

За Лавовите – кавијар и кари

Сакаат раскош и рефлектори, па затоа масата исполнете ја со намирници кои имаат силна и богата арома. На пример, свинско филе со зеленчук и кари.

За Девиците здраво и хранливо

Најпедантниот знак кој ужива во еколошки произведена квалитетна храна. Зелена салата со пилешко, зачинета со сок од цитрон и сува брусница е одличен избор.

Вагите и во чинијата бараат рамнотежа

Обожаваат слатко и уживаат во храната полека, промислено, истражувачки, барајќи складност и рамнотежа. Гулаш со суво бело вино е одличен избор. Десерт: профитероле со крем од кокос и карамелизирана банана.

Скорпии – кралеви на вкусот

За нив храната е најголемо задоволство. Млад лук, сирење, магдонос, коријандер и црно вино. Накратко: тенко исечени кришки потпечени со сирење и зачини.

Стрелците сакаат егзотика

Светските патници кои уживаат во егзотичните намирници и тешките вкусови послужете ги со мароканските Тагини (комбинација на слатки, лути и кисели вкусови) или индиско вариво.

Јарците сакаат салата од рукола

Вљубеници в традицијата и кога се работи за храната, Јарците се држат до домашните јадења кои ги подготвувале нашите баби. На пример: компир со брокула. Сакаат вина со јаки вкусови.

Водолиите ценат впечатливи намирници

Водолиите се украс на секоја вечера бидејќи одлично се снаоѓаат во друштво. Љубопитни се, но и склони кон авантури. Сакаат додатоци кои можат да го одбележат оброкот, а одличен десерт за нив се колачите со вишна.

Рибите ценат креативност

Нив ги дефинира љубовта кон сите видови на морски плодови, а многу ценат убаво попслужена храна. Сакаат поблаги вкусови, шкампи и шафран и медитеранско вино.