Која е разликата помеѓу животниот партнер и сродната душа?

Можеме да имаме партнери кои не ни се сродни души, а односот да функционира добро.

Сродните души се личности за кои на прв поглед имаме чувство дека се надополнуваме, односно со кои кога за прв пат ќе се сретнеме имаме чувство дека ги познаваме цел живот. Но, тоа не се само нашите љубовни партнери – тоа можат да бидат и пријатели, деца, родители. Од друга страна, животните партнери се личности со кои сме пврзани без да се познаваме со нив во претходниот живот, тоа се луѓе со кои го градиме животот. Со животниот партнер можеш да бидеш до крајот на животот и нема ништо лошо во тоа. Но сепак, постои разлика помеѓу партнерот и сродната душа.

ПОВРЗАНОСТ НА ДРУГО НИВО
Врската која ја имаш со животниот партнер не се доживува како однос со сродна душа. Иако можеби нема да ја знаеш разликата, еднаш кога ќе ја сретнеш својата сродна душа ќе ти биде јасно за што станува збор.

СРОДНАТА ДУША ДОАЃА СО ЛЕКЦИЈА
А животниот партнер е поддршка – сродната душа секогаш е тука за да не научи на некоја важна лекција. Иако понекогаш оваа лекција ни се чини едноставна, обично таа не е лесна за да се научи. Во главно се работи за нешта како што е простувањето, разбирањето на различноста, поставувањето на сопствените граници и слично.

Животните партнери во главно не се тука за да не научат на нешто, тие се тука за да ни подарат љубов и поддршка.

Сродната душа ве познава подлабоко од животниот партнер – сродната душа ве познава одвнатре. Твојот животен партнер можеби знае се за тебе и твојот живот, но тој не може да ги види оние твои суптилни мисли и чувства кои сродната душа веднаш ќе ги детектира.

СРОДНАТА ДУША ДОАЃА НЕОЧЕКУВАНО, А ПАРТНЕРОТ КОГА ЌЕ ТИ ТРЕБА
Сродната душа нема секогаш да влегува во твојот живот кога ќе ти треба. Таа доаѓа во различни периоди, за разлика од животниот партнер кој се појавува тогаш кога ти треба најповеќе.

Сродната душа делува поемоционално и постимулативно врз тебе, отколку твојот животен партнер. Покрај сродната душа ќе се чувствуваш посебно, онака како што никогаш не си ни мислел дека ќе се чувствуваш. Додека партнерот ќе делува поттикнувачки на различни нивоа на твоето битие, сродната душа ќе делува посебно на твоите емоции.

СРОДНАТА ДУША ЌЕ ГО ЗАДРМА ТВОЈОТ СВЕТ
А животниот партнер ќе ти донесе мир – работата на твојата сродна душа е да те научи на некоја важна животна лекција и колку таа средна со неа да била магепсувачка, нити ти нити твојот свет после таа средба повеќе нема да бидете исти. Твојот животен партнер е тука за да ти донесе мир и да ти овозможи да ги развиваш своите вештини и способности.




Коментари

[fbcomments]