Која е тајната за совршена фотографија? Талент, креативност и планирање! #ИнстаСреќа

Совршенството е достижно, но за тоа покрај талент и креативност потребна е и многу работа и посветеност.

Сите тие нешта се лесно препознатливи, па така и профилот на @bokimarkov отскокнува од останатите, а тоа не е случајно. Зошто? Тој ни ги открива дека добрите фотографии не се прават сосема случајно.

Најчесто инстаграм профилите се насочени исклучиво на фотографијата, откривајќи многу малку за луѓето кои стојат зад некои навистина кул и интересни профили, затоа ние сакаме да погледнеме и зад објективот, па го прашавме Боки да открие нешто за себе.

„Јас сум Богомил Марков од Богданци или познат како Боки. Студирам последна година информатика на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ).“

 

A post shared by Boki Markov (@bokimarkov) on

Каде ја наоѓаш инспирацијата?

„Најчесто се инспирирам самиот себе си, но во случај кога тој извор е пресушен се инспирирам од книгите што ги читам. Читајќи ги местата на настаните кај што се одвива дејството си замислувам сцена, а понатаму се е плод на моја имагинација.“

 

A post shared by Boki Markov (@bokimarkov) on

„ Доста често ги запишувам идеите во notepad со што подоцна размислувам за нив и ги доведувам до нивна совршеност. Повеќе време трошам на мислење и доведување на идејата до нејзина совршеност, отколку самата реализација(фотографирање и едитирање).“

 

A post shared by Boki Markov (@bokimarkov) on

Неговиот профил има одреден тоналитет, кој тој го негува и му дава уникатност. Содржи природа и портрети, но и патувања и градска архитектура. Но сите имаме нешто што ни е посебно драго за фотографирање, па го прашавме кој е неговиот фаворит.

 

A post shared by Boki Markov (@bokimarkov) on

„Ако морам да ги подредам хиерархиски тоа би изгледало вака: природа, луѓе и на последно место градска архитектура.“

 

A post shared by Boki Markov (@bokimarkov) on

„Најмногу сакам да фотографирам природа, но идеите кои ми доаѓаат најчесто се комбинација од луѓе и природа. Најмалку ме привлекува градска архитектура но искрено зависи и за каква архитектура станува збор па според ова, оваа хиерархија може да е променлива како временска прогноза.“

 

A post shared by Boki Markov (@bokimarkov) on

Некои се фасцинирани од деталите, а впрочем и тие ја прават сликата совршена. Но има и некои неверојатни хоризонти кои оставаат без здив. Како што некои луѓе сакаат црно, а други бело, па така и за деталите.

 

A post shared by Boki Markov (@bokimarkov) on

Што повеќе те импресионира, детали или големата слика?

„Големата слика ме привлекува, но деталите ме задржуваат да продолжам да ја гледам фотографијата.“

 

A post shared by Boki Markov (@bokimarkov) on

„На feed на instagram (доколку ја избереме за пример Instagram за социјална мрежа) има разни фотографии и сите механички скроламе надолу и надолу… Кога имам време, ги гледам сите фотографии и доколку ме импресионира некоја се префрлам на вториот сегмент – фокусирање на деталите.“

 

A post shared by Boki Markov (@bokimarkov) on

„Јас сум голем перфекционист и деталите се многу битни за мене. Доста често објавувам фотографија и во моментот кога ќе заклучам дека имам недостаток во фотографијата во истиот момент ја бришам, ја корегирам и ја објавувам одново.“

 

A post shared by Boki Markov (@bokimarkov) on

Во неговата опрема за фотографирање има Sony Alpha 6000 и GoPro Hero 5.

Најчесто фотографирам со Sony апаратот. Go Pro камерата ја користам кога сакам да го добијам оној fish eye поглед, а воедно да добијам фотографија со широк агол.“

 

A post shared by Boki Markov (@bokimarkov) on

Многу ретко кога сакам да избришам/корегирам елементи од фотографии користам Photoshop, а 99.99% од случаите едитирам во Lightroom.

A post shared by Boki Markov (@bokimarkov) on

Што те прави среќен?

„Ме прави среќен да сум со луѓето што ги сакам, да фотографирам и да читам книги. Ме прави среќен да поминам многу време на прекрасни места, со позитивни луѓе.“

 

A post shared by Boki Markov (@bokimarkov) on

„Ме прави среќен кога луѓето ме критикуваат за работите кои не се добри – всушност тоа ме прави да се трансформирам во подобра личност. Ме прави среќен да ме пофалат за работите кои се добро завршени – тоа ме мотивира да продолжам тоа да го правам (пример фотографирање), но пред се повеќе ги ценам негативните критики, бидејќи тие ме прават подобар во она што го правам.“

 

A post shared by Boki Markov (@bokimarkov) on

A post shared by Boki Markov (@bokimarkov) on

Сигурни сме дека ве воодушевија фотографиите на Боки, а за да продолжите да уживате во неговите дела, кликнете follow и не заборавајте да ја следите среќа.




Коментари

коментари