Категории

Која е вашата идеална професија според хороскопскиот знак?

Дали некогаш сте се довеле во ситуација да се жалите од утро до вечер како не ја сакате својата работа? Како и на сѐ останато во животот, па така и на работата влијае и вашиот хороскопски знак. Астролозите откриваат што ве мотивира, како да постигнете успеси и која е вашата идеална професија.

Овен

Сѐ што има натпреварувачки дух, а пожелно е да биде поврзано со природа и да се одвива на отворено, водичи, лични тренери, атлетичари или работа во спортски организации. Изразената црта на доминантност и способност за лидерство, можат да ви одат во прилог на сето ова. Ако го пронајдете клучот помеѓу своите желби и способноста во управувањето, а да бидете дел од тим – успехот е загарантиран.

Бик

Како еден од највредните и најпосветени знаци во астрологијата, Биковите имаат големи шанси да успеат во сите видови професии каде што се бара постепена работа, посветеност и прецизност. Од аранжирање цвеќе преку индустрија на храна, па сѐ до продажба на луксузни предмети. Биковите сакаат смиреност, исто темпо на живот и рутина без премногу изненадувања. Знаат добро да располагаат со парите, нивните финансиски совети се нешто што треба да го прифатите и многу се успешни во финансискиот сектор.

Близнаци

Сѐ што бара информирање и комуникација е совршено за Близнаците. Во полето на комуникациите се снаоѓаат одлично и поради тоа професиите како ПР или проект менаџер за нив се совршени. Ментално се еден од најактивните знаци во зодијакот и им одговара секоја работа каде што можат да ја искажат својата сестраност и способност.

Рак

Раковите сакаат да се грижат за некого, па затоа чувањето деца за нив е идеално додека се млади. Подоцна кога ќе пораснат, Раковите можат да бидат добри социјални работници, адвокати и наставници. Здравјето и грижата околу тоа им е важен дел од животот и една од главната карактеристика на Раковите е дека често се успешни во здравствениот сектор.

Лав

Одлични лидери, учители, наставници, професори, но и сѐ останато што е поврзано со забавување други луѓе – од глума, музика, филм па до дизајн. Многу се снаодливи и најважно е дека секогаш се до врвот, па макар и на првите три  места.

Девица

Девиците имаат многу добра меморија и нивниот перфекционизам е резултат на мноштвото информации со кои располагаат. Ова е знакот од зодијакот кој подобро функционира под притисок од останатите. Исклучиво се добри во секоја работа која е поврзана со грижа за корисници, односно клиенти. Се снаоѓаат на сите полиња, а најдобро се истакнуваат во продажба, организација или како терапевти – во состојба се да се носат со бројки, статистика, да преведуваат и корегираат, надгледуваат и да бидат детективи. Идеална е секоја работа во која можат да смислат нов начин на систематизација.

Вага

Природно се надарени за се што има врска со правото, правдата и просперитетот. Вагите се личности кои не препуштаат сѐ на разумот, туку го прашуваат и срцето кое честопати им помага да изберат страна. Работата со луѓе е за нив најважна, планирање свадби или дипломатија – секоја работа која пружа шанса да усреќат некого.

Скорпија

Скорпиите треба да се занимаваат со истражување,без разлика дали се во операциона сала барајќи некој до тогаш невиден начин за операцијата да биде успешна или да бидат тајни агенти – важен е моментот на истрага и сложување на коцките. Тие се добри менаџери и логистичари, но би се пронашле и во улога на извршни директори во финансиски сектор.

Стрелец

Стрелците сакаат да патуваат и да учат од другите луѓе запознавајќи го светот. Секоја работа поврзана со патвање е идеална – сакаат, мислат и се распрашуваат. Сакаат да ги инспирираат другите, тие се добри учители, а нивната идеална професија се крие во работата со млади луѓе и невладиниот сектор.

Јарец

Јарац е одличен во администрација и организација. Продуктивни се, добро функционираат во корпоративниот систем во кој може да дојдат до израз и да го оправдаат својот став – секоја работа и труд им се наградува! Одлични инженери, архитекти и дизајнери со изразена смисла за детали.

Водолија

Науката или технологијата им пружа можност да се изразат. Графички дизајн, фотографија или организатор на настани се одлични професии за нив. Тие се идеални забавувачи, но сакаат своето време да го распределат како ним им одговара, а не како им се наметнува.

Риби

Доколку можат да помогнат некому, да ги излечат физички или психички – тие се среќни. Рибите се добри медицински сестри, терапевти и психолози. Уживаат во уметноста, од сликање до музика и театар. Честопати се случува да си создадат идеален животен простор преку комбинација на неколку работи, но за секоја е важно да ги исполнува и да се наоѓаат во работна атмосфера која ги разбира.