Категории

Која социјална мрежа треба да ја изберете за промоција?

Која социјална мрежа треба да ја изберете за промоција на производ или услуга преку интернет? Онаа на која се наоѓа публиката кон која е наменето тоа што го продавате! За секоја мрежа важи истото правило – продуцирање на корисна и релевантна содржина.

Најпрво потребно е да се направи анализа на клиентот. На основа на тоа, почнувате со изработка на содржини кои ќе му бидат од интерес на клиентот. Секоја содржина се прилагодува на социјалната мрежа и нејзините правила.

Фејсбук е толку распространет што од него може да има корист речиси секоја компанија. Доколку сакате да имате што поголема публика, тогаш Фејсбук е вистинскиот избор за вас.

Инстаграм – Најдобро е да се користи Инстаграм кога се работи за компанија во која е многу важен визуелниот аспект на прикажување. Инстаграм раскажува приказни преку фотографии. Тој е посебен во тоа што содржината може да се додаде само преку паметен телефон и Инстаграм апликација.

ЛинкдИн е одличен за B2B, т.е business-to-business (компании чиј таргет се други компании). Оваа мрежа е соодветна за разменување на информации во деловниот свет.

Пинтерест – Ако работите во визуелна индустрија со купувачи кои сакаат да се изразуваат преку слики, Пинтерест е вистинскиот избор. Но, најпрво секако треба да проверите дали целната група е заинтересирана за оваа социјална мрежа.

Твитер е идеален избор доколку сакате да допрете до машката и женската публика заинтересирана за актуелните теми. Оваа социјална мрежа е одличен избор доколку сакате да се потрудите да создадете однос со купувачите, одговарајќи им на прашања и разменувајќи мислења и информации.

ЈуТуб се темели врз основа на делење и ширење на видеозаписи. Оваа социјална мрежа е извонредна алатка преку која можете да им покажете на своите целни групи што всушност работите и како изгледа вашата услуга во пракса.

Прегледи:
543
Објавено на:
01.03.2018