Категории

Кока-Кола го претстави новиот дизајн после повеќемесечните најави

После повеќемесечните најави и тестирања, Кока-Кола го откри новиот дизајн на својот најпопуларен пијалок.

Па така, “Coca-Cola”, “Coca-Cola Zero”, “Coca-Cola Diet” и “Coca-Cola Life” ќе бидат обединети под заедничкиот бренд “Red Disc”.

Иако етикетите ќе им се разликуваат, сите на нив ќе го имаат споменатиот црвен круг како дел од новиот визуелен идентитет.

Новите амбалажи најпрво ќе се продаваат во Мексико, а во остатокот од светот ќе пристигнат во текот на оваа и идната година.

2

Од Кока-Кола истакнуваат дека ова е прв пат во историјата на овој популарен пијалок неговите различни верзии да делат дел од дизајнот на така истакнат начин.

Прегледи:
679
Објавено на:
19.04.2016