Кокосово масло – магичен лек кој ги отстранува подочниците

Кокосовото масло е вистински мултинаменски лек, а прави вистинска магија врз подочниците.

Поголемиот дел од луѓето патат од изразени подочници, и се обидуваат на секој начин да ги отстранат или барем минимално да ги прикријат. Еден лек кој го имате во вашата кујна може да направи чуда, а сигурни сме дека не сте биле свесни за тоа. Се работи за кокосовото масло кое делува на темните подочници длабински и може значително да го смали нивниот изглед. Она што е идеално е тоа што дополнително ја хидрира кожата и спречува создавање на фини линии и брчки.
Кокосовото масло помага и при инфекции, па можете да бидете сигурни дека е безбедно да се нанесува на подрачјето околу очите.

Кокосовото масло содржи витамин Е кој спречува предвремено стареење на кожата, а подочњаците се еден од тие симптоми.
Исто така содржи заштитен фактор 4 кој одлично ја штити кожата од сонцето. Подрачјето околу очите е исклучително осетливо па треба дополнително да се заштити кога е изложено на сончевите зраци.
Кокосовото масло содржи линолеинска, олеинска и миристинска киселина кои длабоко ја хидрираат и избелуваат кожата.




Коментари

[fbcomments]