Категории

Колач со јаболка и пудинг од ванила: Не сте пробале поедноставен, посочен и повкусен десерт!

Со овој десерт, ќе го воодушевите целото семејство

Состојки за бисквит:

  • 5 јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 5 лажици брашно
  • 1 прашок за пециво

Состојки за полнење:

  • 1,5 кг излупени јаболка
  • 1 литар вода
  • 3 пудинга од ванила
  • 30 гр шеќер

Декорација:

  • 4 дцл слатка шлаг

Подготовка:

  • Направете снег од белките, а во друг сад изматете ги жолчките и шеќерот.
  • Соединете ги двете смеси.
  • Продолжете со матење и додајте лажица по лажица брашно.
  • Додадете го прашокот за пециво и мешајте полека.
  • Истурете го бисквитот во среден сад и ставете го да се пече на 1800С додека не се добие златно кафеава боја.
  • За полнење исчистените јаболка, исецкајте ги на мали коцки, ставете ги во поголемо тенџере, додадете го шеќерот и 8 дл вода.
  • Ставете на оган, промешајте и варете додека јаболката не омекнат.
  • Ставете ги јаболката врз бисквитот (тој може да е сè уште топол, не пречи).
  • Во 2 дл вода измешајте го пудингот од ванила и додадете го во водата каде што се вареа јаболката.
  • Мешајте на тивок оган додека не згусне.
  • Истурете го топлиот пудинг врз јаболката.
  • Откако колачот ќе се олади, изматете го шлагот и нанесете го врз пудингот.
  • Оставете го колачот во фрижидер неколку часа и сервирајте.
Прегледи:
2261
Објавено на:
08.11.2019