Колач со сирење и вишни кој може да го направи секој од вас! (РЕЦЕПТ)

Викендот е идеален да направите практичен десерт во кој сите ќе уживате.

Состојки:

  • шолја брашно
  • шолја шеќер
  • шолја гриз
  • прашок за пециво
  • ванилин шеќер

Фил од сирење:

  • 500 гр свежо сирење
  • 1 јајце
  • кора лимон
  • ванилин шеќер
  • кисела павлака
  • 4 лажици шеќер

Фил од вишни:

  • 500 гр вишни
  • 3 лажици масло
  • 3 лажици презла
  • 3 лажици шеќер
  • половина сок од еден лимон
  • цимет по вкус

Прелив:

  • 2 јајца
  • шолја млеко
  • шолја павлака за шлаг ( нема потреба да матите со миксер)
  • 2 лажици шеќер

Подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 180 степени и премачкајте го лимот за печење со масло
  • Сите суви состојки соединете ги и поделете ги на три дела
  • Во длабок сад измешајте ги сите состојки со сирење
  • Во тавче стопете го путерот со презлата и пржите една минута
  • Ставете од страна и кога ќе се олади додадете ги вишните, лимоновиот сок, шеќер и цимет и соедините
  • Во третиот сад подгответе прелив од јајца, млеко и павлака, па додадете шеќер
  • На лимот за печење ставете ја сувата смеса, па делот со вишни, па смесата од сирење, потоа повторно сувата смеса
  • На крај прелијте со преливот од јајцето, печете околу 45 минути на 180 степени.



Коментари

[fbcomments]