Категории

Колекцијата Gucci за есен 2018 инспирирана од хорор филмовите

Во најновата колекција на брендот Gucci, креативниот дизајнер Алесандро Мишел воведе нова визија која резултираше со доста драстична промена во крајниот резултат на своите креации.

Овој пат тој се инспирира од италијанскиот продуцент Дарио Аргента кој е познат по тоа што преку своите хорор филмови ја претставува темната страна на Рим. Кампањата изобилува со необични и по малку бизарни кадри во кои се претставени парчињата од колекцијата проткаена со елеганција и безвременска класика. Дводелни костими во карирани дезени, винтиџ принтови, раскошни тоалети и многу други парчиња се она кое што ја прави оваа колекција една од најуникатните на брендот.

Прегледи:
328
Ознаки:
· · ·
Објавено на:
19.12.2017