Категории

Колекцијата на Каролина Херера на модната недела во Њујорк го одзема здивот!

Пред три дена официјално започна модната недела во Њујорк, а меѓу првите својата колекција за есен/зима 2020. ја претстави модната куќа Каролина Херера.

Познат по елегантните парчиња и исклучително женствените кроеви, познатиот бренд ни овој пат не ги разочара љубителките на ваквата мода. Она што прво паѓа на памет кога ќе ја погледнеме колекцијата се впечатливите бои.

Силната жолта, портокаловата и кралската сина боја очигледно ќе доминираат следната есен и зима, а кога станува збор за моделите, секоја дама може да пронајде нешто за себе.

Без разлика дали преферирате женствен стил и лелеави фустани, или пак предноста им ја давате на класичните парчиња, Каролина Херера нуди модели кои се многу прачтични, се носат во сите пригоди и лесно се вклопуваат во најразличните стилови.

Прегледи:
656
Објавено на:
13.02.2020