Колкава штета им правите на забите доколку не користите конец?

Здравите заби се огледало на целокупното здравје, а блескавата насмевка е најубавиот украс. Дознајте зошто и од колкаво значење е чистењето на забите со конец и сите техники на негово правилно користење.

Ако ги миете заботе најчесто со четка, во теорија тоа значи дека ги чистите половично, а парчињата храна кои остануваат помеѓу (како остатокот од појадокот, ручекот или вечерата) ги погодуваат бактериите во устата, создавајќи каменец и болести на забите. Доколку не ги исчистите забите со конец неколку денови, им дозволувате на бактериите да се размножуваат, како и да ги нападнат другите органи.

Се препорачува да се користи конец за заби барем еднаш во денот, но на правилен начин. Едниот крај на конецот замотајте го околу средниот прст, а другиот крај фатете го со показалецот и палецот од другата рака и бидете внимателни. Провлечете го конецот меѓу забите, потоа вовлечете го под нивото на непцето и повлечете надолу.

Мора да бидете сигурни дека конецот го користите од двете страни на секој заб. Бидете нежни, конецот за заби може да го оштети непцето доколку се користи на премногу груб начин.




Коментари

коментари