Колку често глумиме оргазам и зошто?

Студијата на сајтот за запознавање Ilicit Encounters, што опфаќа примерок од 1100 испитаници, покажа дека 7 од 10 жени глумат оргазам.

Половина од жените велат дека го прават тоа зошто сексот трае предолго, но не сакаат да му кажат на партнерот за да не би му ги повредиле чувствата.

Третина од жените глумењето на оргазам го оправдуваат со тоа дека за време на сексот им е здодевно, додека другите велат дека глумеле зашто не биле расположени или пак едноставно биле уморни.

Дваесет и осум проценти од жените велат дека го лажирале оргазмот затоа што пред сексот биле премногу пијани, а 16 процени затоа што имале секс со нов партнер, кој не знае што точно ги возбудува.

Што се однесува до мажите, еден од тројца мажи има тенденција да глуми оргазам. Мажите глумат затоа што не сакаат да ја повредат партнерката или пак затоа што биле под преголемо дејство на алкохол.

s2

Интересно е да се забележи дека жените почесто глумат оргазам кога се во долга врска, отколку кога имаат секс со нов партнер или пак се во љубовна афера.

Сепак, според истражувањето ниту мажите, ниту жените не земаат за зло кога нивниот партнер односно партнерка глуми дека свршува, затоа што на секој му се случува да глуми.




Коментари

коментари