Категории

Колку често мораме да ги чистиме 3-те највалкани места во домот?

Нашиот дом е вистинско мало легло на бактерии, а трите површини кои секојдневно ги користиме се на листата на највалкани делови во секое домаќинство.

Затоа, проверете кои се тие и колку често треба да ги чистиме.

Душеците

Никогаш немојте долгорочно да ја оставате пластичната прекривка бидејќи така го спречувате душекот да “дише“. Поради повеќечасовната изложеност на температурата на нашето тело под постелнината се создава влага која го уништува, а тој ја впива нашата пот и ги собира мртвите клетки од нашето тело.

Ако сте во можност, вадете го душекот на балкон или во двор во текот на сончевите денови за да се проветрува. Потоа добро поминете го со правосмукалка.

Во вода ставете средство за чистење на тапациран мебел. Навлажнете крпа во водата, добро исцедете ја и пребришете го душекот. Работете внимателно за да не го намокрите премногу бидејќи ќе се создаде влага.

Не заборавајте редовно да го ротирате за да избегнете создавање на вдлабнатини.

Чистете го душекот барем три пати годишно.

 Рерна

Извадете ги решетките од рерната, подгответе купка од топла вода и детергент за миење на садови. Во купката потопете ја решетката и оставете ја да отстои во текот на ноќта.

Следниот ден добро изрибајте ја и исплакнете ја со чиста вода.

Во внатрешноста на рерната нанесете средство за одмастување. Ако забележите дека дамките се тешки за вадење оставете го преку ноќта.

Следното утро ќе биде многу полесно да ги исчистите со крпа и млака вода.
Рерната треба генерално да се исчисти минимум три пати годишно, но по секое печење не е лошо да се пребрише за да немате проблем со закоравени дамки.

q2

 Тепих

Тепихот јасно е дека редовно треба да го поминувате со правосмукалка, но сепак препорачливо е барем еднаш годишно да го однесете на професионално чистење.

q3

Прегледи:
519
Објавено на:
07.09.2016