Колку долго треба да трае вашиот одмор за да се ослободите од стресот?

Научниците тврдат дека за здравјето е многу важно да се направи пауза од работата во која ќе се изолираме од пораки, мејлови и секојдневни обврски.

Некој не признава одмор пократок од две недели, друг пак, мисли дека доколку не отпатувате негде, исто како да не сте биле на летување. Времето и местото не се пресудни, важно е да се ослободиме од секојдневните обврски, тврдат научниците. Некои сметаат дека дури и четири денови се доволни за да се намали стресот. Ова се некои од благодетите кои ги нуди одморот.

Кардиоваскуларно здравје

Луѓето кои не го користат годишниот одмор се соочуваат со зголемен ризик од срцеви оболувања и прерана смрт. Мажите кои не одат на одмор имаат 32% поголема шанса да добијат срцев удар. Ако жената шест години по ред не оди на одмор има осум пати поголема веројатност да оболи од срцево заболување.

Подобар сон

Во текот на одморот подобро спиеме бидејќи се прилагодуваме на својот природен ритам на будење и одење во кревет. Ефектите траат со недели по одморот, тврдат научниците.

Подобри реакции

Дали ви се случило откако ќе се вратите од одмор, околината да ја набљудувате со други очи? Тоа значи дека навистина сте се одмориле. Стресот е лош за мозокот, ве прави уморни и невнимателни. Кога сме растргнати помеѓу секојдневните обврски и размислувањето како да ги завршиме сите задачи, ја губиме способноста да внимаваме на деталите.

Поголема продуктивност

За секои 10 часа одмор, продуктивноста расте осум проценти, пресметале научниците. Ако земете две недели одмор, што е 80 работни часови, продуктивноста се зголемува за повеќе од 60%. Исто така, луѓето кои редовно го користат својот одмор се се полојални кон работодавецот, позадоволни се со својата работа и помали се шансите да ја напуштат.

Поостар ум

На одмор имаме време да се свртиме кон себе што често забораваме во хаосот од секојдневни обврски и работа. Мозокот почнува да занимава со нештата кои ни се важни. Најдобрите идеи доаѓаат кога ќе го пуштите мозокот да ви лута, лежејќи на плажа или на некое друго место.




Коментари

коментари