Категории

Колку кафиња дневно се доволни да ви го продолжат животот?

Постојано се јавуваат нови и нови истражуваа во областа на кафето и најчесто служат да го оправдаат неговото пиење и зависноста од овој вкус.

Две паралелни истражувања во САД и Велика Британија дошле до сознание дека пиењето кафе по одредена формула може да ви го продолжи животот.

Научниците дошле до овој заклчок по пат на дедукција бидејќи кафето спречува толку многу заболувања што дефинитивно ви го продолжува животот.

Пиејќи кафе го намалувате ризикот од срцеви заболувања, срцев удар, болести на дигестивниот тракт, ја подобрувате циркулацијата ако пиете кафе три пати во денот.

Три шолји кафе на ден го намалуваат ризикот од прерана смрт за 18% во споредба со луѓето кои не пијат кафе, а резултатите од двете истражувања покажале дека кафето помалку влијае на долговечноста кај жените.

Затоа, кафето има навистина посебна улога во животот на луѓето. Многу луѓе низ светот го започнуваат денот со чаша кафе, а исто така уживаат и во задоволството на кафето за време на кафе паузите. Кафе – паузата е време за релаксиран муабет со пријателите, но и мал одмор и за вработените од бизнис – секторот. За таа цел, кафематите на Интерфуд се одлично решение кое ќе овозможат омиленото кафе да биде готово за само неколку секунди со притискање на само едно копче.

Кафематите на Интерфуд се стандардизирани според евроските стандарди, а производите со кои работат, се со врвен квалитет. Со нив, можете да го подготвите омиленото еспресо или нескафе, топлото чоколадо или чај со ист професионализам и брзина, без оглед на тоа дали сте дома, во канцеларија или на било кое друго место.

Прегледи:
555
Ознаки:
· ·
Објавено на:
13.07.2017