Колку килограми треба да одземете доколку се мерите со облека?

Сакате да се измерите, застанувате на вага и не ви е јасно што гледате. Не грижете се, сосема е нормално вагата да покаже повеќе килограми доколку сте застанале на неа облечени, а клучот е во тоа да знаете колку килограми треба да одземете.

Едно истражување опфатило 50 возрасни луѓе чие мерење е пратено во текот на една година. Пратени се бројки без и со облека во текот на сите четирите годишни времиња, со различна гардероба.

Донесен е заклучок дека жените треба да одземат 750 грама, а мажите 1.150 грама од бројките кои ги гледаат на вагата.

Имајте ги на ум овие цифри следен пат кога ќе застанете на вага, а претходно не сте се соблекле. Исто така запомнете дека оние кои редовно се мерат имаат најмали осцилации во тежината и имаат најдобро здравје.




Коментари

коментари