Колку маслото од коноп е корисно за кожата?

Маслото од коноп денес се повеќе станува дел од состојките на бројни производи за нега на кожата. Стручњаците сметаат дека тоа е исклучително лековите, а во последните неколку години се појавија доста брендови со производи кои го содржат.

Тоа е одличен извор на масни киселини кои се извонредни за нега на кожата но и за нега на целокупниот организам. Тоа се омега 6 и омега 3 масните киселина, на сите добро познати и од исклучителна важност за липидите кои ја сочинуваат структурата на кожата. Концентрацијата на овие киселини е значително поголема во маслото од коноп отколку во другите масла.
Токму поради тоа, ова масло има видно анти-ејџинг дејство и поволно е за оние кои имаат сува кожа склона кон егзем и псоријаза.

Истражувањата покажаа дека ова масло е погодно и за кожа склона кон акни. Многу масла се комедогени што значи дека ги затвораат порите, додека маслото од коноп не го прави тоа.
Поракј тоа, има и анти-воспалително дејство и високо ниво на антиоксидански така што делува смирувачки и ја забрзува регенерацијата на ќелиите.

Доколку досега сте се двоумеле, можете безбедно да пробате некој препарат кој го содржи ова масло во својот состав.




Коментари

[fbcomments]