Категории

Колку мажи смее жената да има пред брак? Двоцифрен број или?

Малку фалеше еден мој пријател да се ожени. Беше заљубен како тинејџер. Страствено, занесено… Имаше прекрасна девојка која потполно му одговараше. Се запознаа на планинарење.

Кога решил да се препушти на омиленото хоби, запознал девојка која ги дели истите интереси, а тоа нема цена.

Ја запознал со родителите, ѝ купил прстен, планирал да ја запроси кога ќе се искачуваат следен пат на некоја убава планина. Планирал да го сними сето тоа за нивните идни деца да можат да ја видат нивната голема љубов. Бил сигурен дека таа ќе се сложи.

Една вечер и поставил прашање на својата идна жена:

„Колку мажи си имала пред мене?“

Да, знаел дека се заљубил во жена, а не во недопрен цвет. Всушност, не ни сметал дека има нешто лошо во тоа што неговата девојка пред него имала други мажи. Но, сепак го интересирало. Пет, седум… Колку?

Оној момент кога го поставил прашањето, веднаш се покаал. Почувствувал дека тоа звучи лошо, но немал каде. Да кажела точен број, па мака и двоцифрен, тој не би се налутил, но таа вака му одговорила:

„Искрено да ти кажам не се ни сеќавам. Многу од нив не се вредни да ги памтам…“

Во него нешто се скршило, потонал: „Па колку имала кога на некои од нив не се ни сеќава?! За неа сексот не е ништо посебно тогаш! А изгледа на мажите гледа како на потрошна роба!“

Се препавал дека ништо не е променето, глумел дека сѐ е во ред. Следниот викенд се качувале на некоја планина, но тој не го понел прстенот со него. Се чувствувал одвратно. Постојано во главата му одѕвонувале нејзините зборови…

И потоа, еден ден од неа побарал да паузираат, малку да се раздвојат еден од друг па да видат на што се. Таа била изненадена, и погодена, но не се бунила. Убаво се поздравиле и се разделиле.

Поминале неколку месеци, а тој не можел да ја извади од глава. Сфатил дека ја обожава, без обзир на тоа колку мажи имала пред него. Не го интересирало дали е трети или триесетти во нејзиниот живот, едноставно сакал да е покрај неа. И се јавил, а таа му рекла: „Жал ми е, но сакам да бидам малку сама…“

Од тој момент поминале неколку години. Сега мојот пријател е оженет човек. Пред олтар одвел „нормална жена“, која не ја прашал за бројот на партнери… Престанал и да планинари, не сакал да ја сретне својата поранешна…

Прегледи:
887
Објавено на:
23.09.2021