Категории

Колку пати сум сакал да си го вратам животот во времето кога играњето во песок беше доволно за мојата среќа..

Колку пати сум сакал да си го вратам животот во времето кога ги броев работите на прсти. Не се грижев колку имам, што пропуштив, дали ќе ми треба утре, туку едноставно уживав во моментот кога прстите од едната рака ми покажаа дека ми е доста. Колку пати сум сакал да си го вратам животот во времето кога играњето во песок беше доволно за мојата среќа. Ништо не требаше да се додаде, ништо да се одземе. Сè беше доволно.

Колку пати сум сакал да си го вратам животот во времето кога крвта од раната на ногата ми беше најголема болка. Ќе заплачев за миг, а потоа кога ќе ја свртев главата во другата насока брзо ќе заборавев на се. Колку пати сум сакал да го вратам животот назад во времето кога на моите родители гледав како на некои семоќни луѓе кои знаат сè, можат сè и знаеја дека ќе ми дадат се што ми треба кога ќе дојде време. Денес, кога мислам дека пораснав и напредував, сфаќам дека никогаш нема да го достигнам нивото кое некогаш го имав.

Прегледи:
93
Објавено на:
06.03.2022