Категории

Колку помалку килограми имате – Толку сте поплодни и имате поголемо либидо

Научниците го започнаа овој проект поради фактот дека досега многу истражувањата покажале врска помеѓу губењето на килограмите и плодноста.

На Penn State College of Medicine, одлучија подлабоко да го истражуваат влијанието на губењето на килограмите врз зголемувањето на плодноста.
Истражувачкиот тим работел со 29 жени кои имале вишок килограми, а губењето на килограмите вклучувало и операции. Полните жени имале проблеми со овулацијата а со тоа и со неплодност. Особено со овој проблем се соочувале полните жени на кои килограмите, односно масните наслаги им биле собрани околу струкот.

И додека ги очекувале резултатите во смисла на уредна овулација поради која зачнувањето на дете би било поверојатно, резултатите покажале дека после губењето на килограмите на жените значително им се зголемило либидото. Овулацијата после операцијата им била доста зачестена. Жените кои имале проблем со тежината, новата линија им донела и поголема сексуална желба и сексот станал се почест.

Научниците велат дека можат да заклучат дека постои врска помеѓу губењето на килограмите и плдоноста како и зголеменото либидо кое означува повеќе секс а и повеќе шанси да се случи неочекувана бременост.

Во слично истражување учествувале и мажите а резултатот бил еднаков како и кај жените – поголемо либидо.
Кај нив губењето на пет килограми покажало значителна разлика во количината на тестостерон.

Прегледи:
465
Објавено на:
17.11.2020