Колку се разликуваат мажите и жените?

Ви ги споделуваме двете различни страни за тоа како жените и како мажите гледаат на секојдневието и случувањата. Ова се извадоци од лични дневници на испитаници од една студија кои ја покажуваат различноста помеѓу карактерот на мажите и жените.

Нејзиниот дневник:
„Денес мојот маж се однесуваше многу необично, некако беше чуден. Имавме резервација за вечера во нашиот омилен ресторан, требаше таму да се најдеме во 8 часот.
Отидов малку на шопинг со девојките и малку задоцнив во ресторанот, виновна сум, признавам. Разговаравме многу помалку од вообичаено, а забележав дека нешто го мачи. Отпрва помислив дека сум го налутила поради тоа што задоцнив, но после сфатив дека се работи за нешто многу, многу по сериозно.
Предложив да се преместиме некаде каде што е помалку бучно и таму да разговараме на мира. Кога седнавме, кога погледнав во очи и го прашав што не е во ред? Ми се чинеше дека цел време ги игнорира моите чувства и само одговори дека се е во ред. Постојано го прашував дали сум направила нешто поради кое се чувствува лошо, а тој само кратко одговараше дека нема за што да се грижам.
На враќање кон дома му кажав „Те сакам!“. Само се насмевна и продолжи да вози, како да не сум му рекла ништо. Сега навистина не знам што се случува, зошто молчи..
Зошто, зошто не ми кажа дека ме сака? Стигнавме дома а јас бев веќе уништена, се чувствував грозно. Не можев да престанам да забележувам како се оддалечува од мене и се однесува како да не постојам. Само седна на каучот и ја гледаш својата серија. Му реков „добра ноќ“ и заминав во кревет.
После 15 минути влета во собата и се вовлече под прекривката. Набрзо заспа. А јас, не склопив око цела ноќ, мислејќи што се случува со мојот сопруг..
Се чувствувам дека го губам. Мојот брак е најверојатно готов, животот ми се распаѓа!“

Неговиот дневник:
„Денес не можев да го запалам моторот. Мора нешто сериозно да се случува со него, но навистина не знам што. Мислам дека би требало да го однесам на механичар.. “




Коментари

коментари