Категории

Колку се всушност важни бабите-слонови за нивните поколенија?

За многумина, бабите се симбол на мудрост, грижа и среќа. Кај животните, тоа не е така бидејќи тие не живеат многу долго и поради тоа немаат таква функција како кај нас луѓето.

Во изминатите 40 години, Филис Ли собирала податоци од 800 различни слонови од Националниот парк Амбосели, Кенија поради тоа што овие животни имаат приближно ист животен век како и човекот. Таа открила нешто неверојатно – преживувањето на бебето слон зависи од присутноста на неговата баба.

436964

Зошто е важна бабата за слонот?

  • Најстариот член од семејството секогаш претставува глава на фамилијата меѓу слоновите. Таа ги води сите до најблискиот предел со вода и храна.
  • Идните мајки најчесто се пораѓаат кога е тука присутна бабата.
  • Таа е премногу заштитнички настроена кон најмалите и секогаш внимаваат на нив.
  • Постарите членови од фамилијата не се натпреваруваат за храна како што го прават тоа другите животни, туку им даваат предност на помалите да јадат први.

jjj

Професорката Ли вели дека слоновите се неверојатно интелигентни животни и дека се потребни многу години за детално да се проучи нивната психологија. Па ако сте доволно среќни да имате баба, имајте на ум дека се многу послични со слоновите отколку што мислите.

Прегледи:
619
Објавено на:
24.09.2016