Категории

Колку улогата на татко навистина ги менува мажите?

Раѓањето деца значајно ги менува мажите во нивната улога на татковци, тоа го потврдува и науката, а еве за што се работи.

Неговиот мозок се менува
Научниците спроведоа мноштво студии кои покажуваат дека машкиот мозок поминува низ промени оној миг кога ќе стане татко. Тие тогаш ги доживуваат истите ментални и емотивни реакции како и мајките.

Стануваат чувствителни
Мажите се доста загрижени за детето и водат сметка за него подеднакво како и мајката. Доста е забележано и мажите да почнат да плачат почесто затоа што поминуваат низ депресија поради големата одговорност која им се случила.

Имаат хормонски промени
Многу татковци имаат зголемено ниво на женски хормон естроген, окситоцин, пролактин и глукокорикоид.

Стануваат посамоуверени
Мажите стануваат горделиви и сакаат да се истакнуваат кога шетаат по улица со своето дете.

Се откажуваат од приоритетите
Поминуваат повеќе време со семејството.

Сакаат да им помагаат на жените
Иако на новороденчето им е потребна мајка, тие ќе се трудат и ќе сакаат да бидат вклучени во се.

Сакаат да се запознаат со други мажи кои се татковци
Тие сакаат да се дружат со други татковци и да споделуваат искуства и да разговараат за децата.

Прегледи:
84
Објавено на:
08.12.2020