Колку време ќе ви треба да научите некој од најпопуларните јазици во Европа?

Дали некогаш сте се запрашале кој е најтешкиот јазик за учење? Иако е различно за секого, постои општ впечаток дека некои јазици се потешки за разбирање и совладување од други.

За луѓето кои спаѓаат под англиското јазично подрачје и кои сакаат да научат друг јазик, Институтот за надворешни работи (FSI) ги рангирал јазиците ширум светот според тоа колку недели се потребни за да ги научат. Како би изгледало ова, во продолжение имате и визуелна мапа која ги прикажува овие податоци во дел од Европа.

Мапата се протега од Португалија до Украина, а рангирањето се води низ категории почнувајќи од категорија I (околу 24 недели потребни за изучување) до Категорија IV (околу 44 недели).

Значи, доколку сакате да научите нов јазик за релативно брзо време, зошто да не пробате шпански или француски? За помалку од една година, може да имате добро познавање на овие два јазици. Но, ако сакате потежок лингвистички предизвик, пробајте да научите унгарски јазик. За тоа ќе ви бидат потребни околу 44 недели (и околу 1.100 часа) настава, бидејќи се смета за јазик со „значителни лингвистички и / или културни разлики од англискиот јазик“.

Погледнете ја целосната листа на јазици поделени во категории и часови за изучување:

Категорија I: 23-24 недели (575-600 часови)

  • Африкански
  • Дански
  • Холандски
  • Француски
  • Италијански
  • Норвешки
  • Португалски
  • Романски
  • Шпански
  • Шведски

Категорија II: 30 недели (750 часови)

  • Германски

Категорија III: 36 недели (900 часови)

  • Индонезиски
  • Малезиски
  • Свахили

Категорија IV: 44 недели (1100 часови)

  • Албански
  • Амхарски
  • Ерменски
  • Азербејџански
  • Бенгалски
  • Босански
  • Бугарски
  • Бурмански
  • Хрватски
  • Чешки
  • Естонски
  • Фински
  • Грузиски
  • Грчки
  • Еврејски
  • Хинди
  • Унгарски
  • Исландски
  • Кмерски
  • Лао
  • Латвиски
  • Литвански
  • Македонски
  • Монголски
  • Непалски
  • Пашту
  • Персиски (Дари, Фарси, Таџикистански)
  • Полски
  • Руски
  • Српски
  • Сингалски
  • Словачки
  • Словенски
  • Тагалог
  • Тајландски
  • Турски
  • Украински
  • Урду
  • Узбекистански
  • Виетнамски
  • Зулу

Категорија V: 88 недели (2200 часови)

  • Арапски
  • Кантонски (Кинески)
  • Мандарински (Кинески)
  • Јапонски
  • Корејски



Коментари

[fbcomments]