Категории

Колку заработуваат НБА чирлидерките?

За разлика од кошаркарите кои заработуваат милиони, чирлидерките за својот труд далеку поскормно се наградени.

Така една чирлидерка во 2015. година за натпревар од НБА лигата заработувала од 100 до 250 долари. Девојките минуваат низ ригорозна селекција и најчесто добиваат годишни договори, а во една сезона танцуваат на 41 натпревар и успеваат да заработат од 5.000 до 6.500 долари.

Во однос на 2010. година тоа е значително зголемување, затоа што статистиките покажуваат дека тогаш девојките заработувале од 50 до 100 долари за настап.

Незадоволството од малите плати за чирлидерките кулминираа кон крајот на минатата година кога поранешната чирлидерка на Милвоки Бакс, Лорин Херингтон го тужела својот клуб заради ниска плата. Таа тврдела дека во текот на сезоната 2013/14 работела полно работно време, а била платена за повремено.

Минувала со саати тренирајќи и подготвувајќи се за настап, а била платена само по 65 долари по натпревар, 30 долари по тренинг и 50 долари за појавување на некои пратечки случувања. Тврди дека од саат заработувала 3 до 5 долари.

Покрај тоа клубот не плаќа за разубавување, фризури, нокти и кварцање, а од девојките се очекува да изгледаат перфектно на секој настап.

Прегледи:
34
Објавено на:
19.02.2016