Комплетиран составот за OHRID CALLING 2017! Дознајте кои се диџеите кои ќе го придружуваат HARDWELL

Комплетиран е составот кој ќе ве забавува на овогодинешниот OHRID CALLING 2017. Имено, диџеите кои ќе ја делат сцената со суперстар диџејот HARDWELL, на вториот фестивалски ден на OHRID CALLING 2017, на 02-ри август, на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид се DANTE KLEIN и KILL THE BUZZ,.

Двајцата годинава го придржуваат HARDWELL на неговата светска турнеја. DANTE KLEIN светската публика го запознава преку неговиот настап на Tomorrowland во 2015 година и оттогаш неговата кариера расте во нагорен правец. Соработува со некои од најголемите диџејски имиња во моментов, како HARDWELL, Dimitri Vegas, Like Mike, Sam Feldt и многу други. Неговиот сингл насловен „Let Me Hold You“ има милионски прегледи на Youtube и Spotify.

На светската електронска сцена KILL THE BUZZ станува познат со неговиот сингл „Party Hard“, во издание на продуцентската куќа на HARDWELL, Revealed Recordings. Истиот сингл премиерно го изведува HARDWELL на Tomorrowland во 2012 година и добива огромна поддршка од публиката и идни соработки со диџеите: David Guetta, Benny Benassi, Sander van Doorn и други.

Првиот фестивалски ден на OHRID CALLING 2017 ќе настапат dj RAVITEZ и познатиот AFROJACK како хедлајнер.

 

 




Коментари

коментари