Категории

Комплименти кои можат да ги кажат само злобните луѓе

Комплиментите се дел од нашето секојдневие и често ни го разубавуваат денот, но има луѓе коишто не знаат како да ги користат. Дали некогаш Ви се случило некој да ви каже нешто убаво, а веднаш потоа да додаде нешто со што ќе се почувствувате навредени? Погледнете дел од овие „смешни“ комплименти и сетете се како сте возвратиле на истите. 

1. „Не си толку глупав колку што изгледаш“.

2. „Изгледаш прекрасно за твоите години“.

3. „Не очекував дека ќе ја добиеш работата – Честитки“.

4. „Посакував да бидам паметен колку што ти мислиш дека си“.

5. „Посакувам да немам толкави одговорности како тебе, не сакам да бидам на твое место“.

 

Прегледи:
313
Категории:
Секојдневие
Објавено на:
20.10.2022