Категории

Компот од суво овошје (РЕЦЕПТ)

Компот од суво овошје – десерт без кој не можеме да го замислиме Божиќ.

Не само тоа, ќе мириса прекрасно на јаболка, сливи, круши, цимет и каранфилче, а исто така ќе ви помогне и да ја сварите храната побрзо после Бадник.

 

Погледнете го рецептот.

 

Состојки:

  • 200 гр. суви сливи
  • 100 гр. суви јаболка
  • 100 гр. суви кајсии
  • 100 гр. суво грозје
  • 100 гр. суви смокви
  • 5-6 каранфилчиња
  • 1 портокал
  • 2 стапчиња цимет
  • 2 литри вода
  • мед – по вкус

 

Подготовка:

 

Измијте го овошјето. Ставете го во тенџере. Истурете ладна вода заедно со зачините. Оставете да зоврие. Гответе на тивок оган околу 20-25 минути – не премногу долго за овошјето да ја задржи својата убава форма. Потоа додадете ги портокалите исечени на подебели парчиња. Кога компот ќе достигне собна температура, зачинете со мед по вкус. Послужете го компотот од суво овошје на собна температура или убаво изладен.

Прегледи:
642
Објавено на:
04.01.2020