Категории

Комуникативни сте и барате динамична работа со флексибилно работно време? Бидете дел од тимот на Кликни Јади!

Кликни Јади постојано бележи пораст во работата и потреба од зголемување на своите услуги, грижејќи се за брзата достава на храна во секој период од денот од многубројни ресторани и локали низ градот, до вашиот дом или работно место.

Поради тоа, Кликни Јади вработува доставувачи и диспечер за координација за доставувачите.

Доставувачите ќе имаат флексибилно работно време, одлична плата и бонуси.

Диспечерите ќе ги координираат доставувачите, како и нарачките помеѓу клиентите и рестораните. Диспечерот треба да биде личност која е комуникативна, може да ги извршува своите работни задачи под притисок, има основни познавања на работа на компјутер и англиски јазик.


Доколку сте заинтересирани за динамична работа, доколку сте комуникативни или познавате личност која одлично би се вклопила во тимот на Кликни Јади како доставувач или пак како диспечер, јавете се на 076/434-793 или испратете мејл на [email protected].

На веб страната на Кликни јади може да ја погледнете целосната листа на угостителски објекти со кои соработуваат и да го нарачате своето омилено јадење.