Категории

Конечно ја решивме дилемата: Зошто имате малку лајкови на некои фотографии на Инстаграм?

Мислевте дека фотографијата ви е одлична, но нема лајкови… Опуштете се, не е проблемот до вас, но поведете сметка пред следното објавување на фотографија.

Можеби ова прашање не му е важно на некој кој има класичен профил на Инстаграм, но ако сте инфлуенсер или некоја „важна“ личност на оваа омилена мрежа за многумина, веруваме дека тоа се страшни проблеми од секојдневието.

Имено, однесувањето на Инстаграм постовите знае неретко да биде невообичаено и во последно време многу иритантно, а доказ за тоа е дека се случува никој да не ви ја лајкне сликата бидејќи не му се појавила воопшто, или пак да не биде видлива за голем број луѓе кои ги следите и чии објави редовно ги лајкувате. Тоа се проблеми со кои се соочуваат многумина на Инстаграм, а се шпекулира дека тоа зависи од бројот на следачи, бројот на објави како и бројот на хаштазите кои ги ставате под фотографијата. Сепак ова не е конкретен одговор и засега не се знае точната причина за овој проблем.

Прегледи:
563
Објавено на:
28.05.2019