Категории

Конечно – Жаре и Еден на Еден се враќаат на екраните!

На големо задоволство на публиката пред малите екрани, оваа сабота во 19:15 часот на телевизија Телма се враќа најпопуларното македонско ток-шоу, „Еден на Eден“.

Жаре и оваа сезона во своето студио ќе ги донесе најголемите ѕвезди од нашата домашна сцена, но и најзначајните имиња од регионот.

“Започнуваме со Бора Чорба. Свое појавување во првата епизода ќе имаат и актерот Никола Ѓуричко, фронтменот на Ван Гог – Ѓуле, и нашата млада ѕвезда Антонија Гиговска. Тука се Спасе, Мешевски, цела екипа е подготвена – нека се подготват и гледачите! Во втората епизода гостин ни е Жељко Јоксимовиќ, а имаме и одлични изненадувања за натаму.” – изјави Жаре.

Прегледи:
365
Објавено на:
11.11.2016