Консумирањето чоколадо пред спиење предизвикува несоница

Чоколадото дава енергија и го подигнува расположението, но не е пожелно да се консумира навечер. Не само поради тоа што има многу калории, туку и поради тоа што предизвикува несоница.

Чоколадото дава енергија и го подигнува расположението, но не е пожелно да се конзумира навечер. Не само поради тоа што има многу калории, туку и поради тоа што предизвикува несоница. Познато е дека масната храна и слатките можат да предизвикаат кошмари затоа што влијаат врз мозочните бранови. Освен маснотии, чоколадото содржи и кофеин, а големата количина шеќер делува како енергетска бомба, па тешко дека ќе успеете да заспиете.

Наместо да уживате во омилените слатки, стручњаците препорачуваат конзумирање на житарки за да се зголеми нивото на триптофан, кој учествува во создавањето серотонин, хормон на среќа и мелатонин, кој ни овозможува цврст сон и добро расположение.

Доколку никако не можете да заспиете, напијте се малку вода. Не се обидувајте да заспиете насила затоа што тоа може да предизвика контраефект и доколку нема да можете да потонете во сон.




Коментари

[fbcomments]