Контроверзно истражување: Дали изборот на обувки на жените зависи од мажот кој им се допаѓа?

Се вели дека изборот на обувките на жените на првиот состанок крие јасна порака.

Контроверзното истражување спроведено на Универзитето во Словенија, покажа дека изборот на обувки за состанок зависи од мажот со кого жената треба да се сретне.
Научниците спроведоа студија на 292 хетеросексуални жени така што им покажаа слики на два мажи, од кои едниот е по мислење на повеќето, многу активен, додека другиот не е. После тоа биле запрашани да ги оценат мажите од 1 до 7 (1- непривлечен, 7 – исклучително привлечен). Им покажаа слики на црни балетанки и слики на бели чевли на висока потпетица и ги запрашаа кои чевли би ги облекле на состанок со кој маж.

Резултатите покажаа дека преку 60 проценти од испитаничките ги одбраа штиклите за состанок со мажот кој доби севкупна оценка 6,1, а само 20 отсто од нив ги одбра балетанките со другиот маж кој доби вкупна оценка 1,6.
Водачот на истражувањето, професор Павол Прокоп, објасни дека жените со носење на чевли на висока потпетици, испраќаат сексуални сигнали кон мажите кои им се допаѓаат и со кои би сакале да одат чекор подалеку, а тоа го открива и сензуалното одење и нишањето на колковите додека носат штикли.
Од друга страна, американскиот психолог и новинарка Самер Бренан, коментирајќи на ова истражување, истакна дека ако жената носи високи потпетици не мора нужно да позива на интимент однос, и дека со мажот кој не го смета за атрактивен, не би отишла на состанок во прв план.




Коментари

[fbcomments]