Категории

Концерт „Блесок“ со Пламенка Трајковска – гудачки квартет во Демир Хисар

Пламенка Трајковска – гудачки квартет ќе реализира концерт на 14 ноември во 19 часот во Дом на култура Илинден во Демир Хисар.

      Концертот е со наслов Блесок и на програмата се класични композиции и македонски традиционални композиции во кросовер. Концертот е со модерни елементи, музичка подлога и ритам, кореографија, и видео проекција. 

На концертот покрај Пламенка Трајковска на виолина ќе настапат и Сандра Крстевска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело.

Пламенка Трајковска – мали камерни состави годинава реализираа уште два концерти во Струмица и Крива Паланка а Пламенка Трајковска го реализираше и проектот Ехо – спој на звуци од природата во кањонот Матка, електронска музика и соло виолина.

      Главната идеја на Пламенка Трајковска – мали камерни состави е доближување на класичната музика до најшироката публика и последните години доближување на класичната музика до децата. Изминатиот период тие реализираа многу концерти за деца како концертите Што е тоа … гудачки квартет, Музика и цртан филм, Музика и танц. Пламенка Трајковска го објави единственото ЦД со класична музика за деца Карневал на животните од Камиј Сен Санс во аранжман за виолина и пијано.

      Досега малите камерни состави реализирале бројни концерти кај нас на најважните манифестации Скопско лето, Бит фест, Петровденски ракувања, Велешко културно лето и многу други манифестации. 

Концертот Блесок се реализира со помош на Министерството за култура.

Прегледи:
191
Објавено на:
12.11.2021