Концерт и снимање акустичен албум, Нокаут Unplugged во Скопје Мериот хотел

Нокаут и Скопје Мериот хотел предновогодишно подаруваат уникатна можност за љубителите на акустичната музика – unplugged концерт и снимање во живо на новиот акустичен албум. За таа цел бендот ги повикува своите фанови и долгогодишни следбеници да не ја пропуштат оваа единствена можност и да станат дел од музиката и музичкиот пат на бендот. Со учество во снимањето на албумот, гледачите ќе станат дел од музичката историја на бендот и воопшто на модерната музика во земјава.

Целовечерниот концерт и снимањето на албумот ќе биде на 26-ти декември, со почеток во 21 часот. Нокаут ќе настапи со Игор Џамбазов, а специјален гостин на вечерта е Гуру Харе.

Бендот со дваесетгодишно успешно постоење изненадува со овој ексклузивен настан и го избра Скопје Мериот хотел како најуникатна локација за создавање една автентична, интимна и музички исполнета вечер. За љубителите на македонската музика, тоа ќе биде незаборавна вечер исполнета со врвно музичко доживување во специјално уредените простории на Скопје Мериот хотел. Новите нумери со добропознатиот акустичен звук гарантираат одлично предновогодишно уживање.

Концертот на Нокаут како спектакуларна вечер, полна со одлична музика и атмосфера, е дел од богатата предновогодишна програма која ја нуди хотелот Мериот, и со оваа вечер ќе започне сезоната на прослави и моменти со најблиските во новогодишниот амбиент на хотелот.

Картите за концертот се во ограничен број, а за повеќе информации и резервации обратете се на www.mktickets.mk и 071-242-398. Разбудете го новогодишниот дух со романтична вечер и едно поинакво, интимно Нокаут доживување!




Коментари

коментари