Категории

Концерт на Зана Имери и Пасионариа Асланај

Во среда, 1 јуни, во Салон 19:19, во 20 часот ќе се одржи концерт Дуо пијано на Зана Имери и Пасионариа Асланај…

Зана Имери е дипломиран пијанист на ФМУ, во класата на проф. Тодор Светиев. Основно и средно музичко образование го завршила во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј”во класата на проф.Слаѓана Јовановиќ. Магистрира кај проф.Тодор Светиев во Скопје. Моментално е вработена како професор по пијано во средно и основно образование во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ Има добиено многу главни награди и дипломи. Настапила на многу концерти низ Македонија, исто така и има учествувано на разни концерти како Албанија, Косово, Чешка итн…

Пасионариа Асланај е родена во Приштина на 06.11.1975. Низок степен на музичко образование, средно музичко училиште и Академијата за уметности ги завршила во Приштина, во класата на проф. Валбона Пула- Петровци. Живее во Скопје, каде работи како професор по пијано во музичкото училиште “Илија Николовски- Луј”. Работела во неколку државни и приватни училишта во Приштина и во Скопје. Учествувала на голем број концерти и натпревари како солист, придружник, како дел од камерни групи, како и во организациски совети. Пасионариа е добитник на повеќе награди и признанија. Настапувала на концерти во повеќе градови на Косово, Албанија, Швајцарија и Израел.

Прегледи:
340
Објавено на:
01.06.2016