Копенхаген: Рај за велосипедисти

cykelslangen-06
Архитектонското студио DISSING+WEITLING неодамна го заврши мостот за велосипедисти во облик на змија, со што возењето велосипед низ Копенхаген станува побезбедно и побрзо. Како и во многу други густо населени градови, патувањето на урбаните велосипедисти и во Копенхаген е исклучително тешко. Затоа градските власти го замолиле студиото D+W да проектира и изгради кривулеста рампа и мост кој ќе ги издигне велосипедистите над градските улици и подалеку од сообраќајните и пешачките патеки. IMAG1411Преубавиот мост со двонасочни велосипедски ленти е обоен во интензивно портокалова боја, има должина од 235 метри и се издигнува 5,5 метри над влезот во станбениот комплекс Havneholmen. Просторот под рампата од скоро 30 метри може да се користи за рекреативни цели. Вграденото осветлување и интензивно портокаловата боја создаваат посебно драматичен ефект во текот на ноќта.cykelslangen-03




Коментари

коментари