Коприва – подарок од природата за многу здравствени проблеми

Копривата е широко распространета билка која многумина не ја сакаат затоа што при контакт со неа таа жари и создава уртики, но копривата е многу лековита билка која позитивно влијае при многу здравствени состојби.

  • Го чисти телото од токсини

Копривата изобилува со корисни состојки, таа е совршена билка која го чисти телото од токсини, но на нежен и сигурен начин. Нејзиното диуретско дејство дополнително помага во детоксикацијата на организмот.

  • Им помага на бремените жени

Копривата е природен лек за жените во текот на бременоста и пораѓајот и често се препорачува на жените кои имаат многу болен пораѓај. Спречува преголемо крварење бидејќи делува како коагулант.
Исто така, го зголемува производството на мајчино млеко и го олеснува доењето.

  • Помага за менструалниот циклус

Копривата позитивно влијае на женското здравје. Ги олеснува грчевите и надуеноста кај ПМС, а исто така може и да го намали крварењето. Жените кои минуваат низ перименопауза може да почувствуваат благодест од конзумацијата на коприва затоа што ги олеснува промените кои се случуваат во телото на жената, па хормоналните „турбуленции“ ги прави поблаги.

  • Делува против-воспалително

Копривата помага при ревматоиден артритис и кај хронични болки во мускулите. Чајот од коприва или додатоците кои се на база на коприва делуваат и при лекувањето на гихт.

  • Спречува појава на бубрежни камчиња

Копривата е познат диуретик, но на бубрезите делува и на друг начин- ги разбива камчињата и во бубрезите и во жолчката. На тој начин може да се спречи влошувањето на симптомите и да се намали можноста за неопходна хируршка интервенција, или истата барем да се одложи. Копривата е ефикасна и при уринарни инфекции.

  • Копривата е војник кој се бори против анемијата

Комбинацијата на витамин Ц и железо е одличен стимулатор за произведување на црвени крвни клетки. Витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железо, клучната состојка на хемоглобинот.




Коментари

коментари