Корисни совети за нега на кожата во зима

Поради студот кој владее надвор и сувиот топол воздух во просториите, кожата е изложена на екстремни услови кои максимално ја исцрпуваат.

Кожата многу брзо губи влажност и почнува да пука, особено ако нема соодветна заштита.
Ви откриваме како на потполно природен начин да ја заштитите кожата со помош на продукти од вашата кујна.

Зимска крема за раце и лице
Потребно е:
-1 лажица жолт пчелин восок
-6 лажици маслиново масло
-2 лажици вода
-8 капки етерично масло од лаванда

Во сад за готвење на пареа, истопете го плелиниот восок, додадете вода и маслиново масло, почекајте се добро да се стопи и тргнете го садот настрана. Мешајте ја смесата повремено се додека не стане густа, додадете го етеричното масло и добро промешајте. Вака создадената крема ставете ја во стаклен сад. После 15 минути можете да ја употребувате.

Оваа крема штити од студот и создава заштитен филм, длабоко ја храни кожата и е одлична подлога за пудра. Рокот на траење и е неколку месеци, на собна температура.

Зимски тоник со алое вера
Потребно е:
-50 мл дестилирана вода
-1 лажица гел алое вера
-1 лажица лимонов сок
-2 капки етерично масло од грејп или лимон
– ½ лажица бадемово масло

Помешајте ги сите горенаведени состојки и ставете ги во стаклено шише. Овој тоник ќе ви ја врати потребната влажност на кожата во зима и ќе ја збогати со витамин Ц, а гелот алое вера ќе делува на нејзината регенерација. Тоник е најдобро да се користи еднаш на ден, односно ако имате масна и кожа склона кон акни, и до два пати дневно.

Балзам за негувани усни
Потребно е:
-1 лажица мед
-1 лажица какао во прав
-1 прстофат цимет
-Неколку капки маслиново масло
-3 капки етерично масло

Помешајте ги сите состојки додека не добиете густа смеса која е најдобро да ја ставите во мал добро затворен сад. Балзамот користете го по потреба.

Овој балзам ги негува усните, ги штити од пукање а бојата на какао му дава нијанса. Ако додадете сок од цвекло наместо какао, бојата ќе биде црвена. Можете да го нанесувате колку што сакте. Рокот на траење му е два месеци.




Коментари

[fbcomments]