Корисни совети за неодолива холивудска насмевка

На многумина им претставува вечна желба да имаат здрави и убави заби, но само оние храбрите можат да се осмелат на хемиско избелување.

Ние ви откриваме неколку постапки кои можете да ги изведете во вашиот дом, и притоа нема да им нанесете никакво оштетување. Секако, овие совети не се замена за редовната посета на стоматолог. Ако редовно ги практикувате, ќе се соочите со вашите заби посветли за неколку нијанси, додека и вашите непца ќе станат поздрави.

Домашна паста за избелување на забите
Измешајте 1 лажица куркума со иста количина на кокосово масло и 2-3 капки масло од нане. Користете ја оваа мешавина како што ја користите пастата за заби – оваа паста ќе се покрижи за избелување на емајлот и ќе ви го освежи здивот.

Маска со активен јаглен
Помешајте мелен јаглен со вода. Треба да добиете густа текстура, а потоа внимателно нанесете ја на забите. Оставете ја маската околу 2 минути потоа исплакнете ја устата. После измијте ги забите со паста, повторете ја постапката 2-3 пати неделно.

Листови од босилек
Иситнете листови од босилек и направете пире. Оваа паста можете да ја користите место вообичаената паста за избелување на забите. Исто така можете да ја намачкате на забите и да оставите 5-10 минути пред да исплакнете.




Коментари

коментари