Корисниците воодушевени од новата опција на Скајп

Microsoft пред три дена ја лансираше опцијата Skype Translator, која е достапна за сите корисници на Windows и автоматски прави превод на разговорите.

Опцијата може да ја снимете бесплатно, а за а ја користите треба да кликнете на иконата на глобус во горниот десен агол од апликацијата.

Доколку не се појавува таква икона, симнете ја последната надградба за апликацијата.

Skype Translator моментално поддржува преводи во англиски, кинески, француски, германски, италијански, португалски и шпански. Од платформата велат дека се работи на повеќе јазици и наскоро може да очекуваме преводи од над 50 јазици.




Коментари

[fbcomments]