KОРОНА вирус – важни минерали за зајакнување на имунитетот: Еве која ХРАНА содржи железо, калциум и магнезиум

Железо, калциум и магнезиум за силен имунитет – еве која храна треба да ја јадете за време на пандемијата од корона вирусот!

За здрав имунитет, неопходно е да се внесуваат минерали преку исхраната, а за време напандемијата важно е да го зајакнувате имунитетот секој ден со вашите здрави навики.

Како важни состојки на човечкото тело, минералите треба редовно да се внесуваат преку исхраната.

Поради често држење на диети, хормоналната нерамнотежа или менструалниот циклус, жените почесто имаат проблем со недостаток на овие основни хранливи материи.

Затоа, потребно е да се надомести нивниот недостаток.

 

Железо

Минерал неопходен за имунитетот и нормалното функционирање на организмот. Обилната менструација и видот на исхраната може да влијаат на нивото на железо во крвта.

На жените во перименопаузи им се потребни по 27 милиграми железо на ден. Кога тоа недостасува, се јавува анемија, која се манифестира со замор, срцеви аритмии и опаѓање на косата.

Се препорачуваат јајца, брокула, цвекло, спанаќ, пилешки црн дроб и храна богата со витамин Ц, бидејќи ја забрзува апсорпцијата.

 

Калциум

Две третини од жените не добиваат доволно од овој минерал преку исхраната, покажаа светските студии. Калциумот е важен за мускулите, срцето и ензимите. Најголемиот проблем што може да биде предизвикан од недостаток на овој минерал е остеопороза и губење на густината на коските, што во подоцнежните години го зголемува ризикот од фрактури. Препорачаната дневна количина на калциум е 1.000 милиграми,а можеме да ја добиеме со консумирање млечни производи, риби и печурки кои помагаат при апсорпција на калциумот.

 

Магнезиум

Без доволно ниво на магнезиум во организмот, не може да се метаболизиравитаминот Д, затоасекој ден на организмот му се потребни 310 до 320 милиграми магнезиум, кои можат да се најдат во житарките, семињата, зеленчукот, месото и производите од животинско потекло. Од друга страна, недостатокот на магнезиум во организмот доведува до замор, гадење, трнење,грчење на мускулите.




Коментари

[fbcomments]