Категории

Коронавирусот не може да ја прекине нивната љубов – Баба и дедо секојдневно пијат кафе на граница

Парот од Германија и Данска пронајде начин за гледање и во време на пандемијата на коронавирусот

Инга Расмусен (85) од Данска и нејзиниот дечко Каристен Тучсен Хансен (89) од Германија станаа вистински ѕвезди откако за време на пандемијата пронајдоа начин да се гледаат и да ја одржуваат својата врска.

Стариот пар секојдневно се состанува на границата на Данска и Германија во близина на градот Авентофт за да се видат и да разговараат а да се на безбедна оддалеченост еден од друг.

Симпатичниот љубовен пар на состаноците носи кафе и слатки за нивните разговори да течат во што попријатна атмосфера.

Парот се запознал пред две години и од тогаш секојдневно се среќаваат еден со друг. Поради моменталните околности се состануваат на половина пат, на затворена граница.
Инга до местото на состанокот доаѓа со својот автомобил, додека Каристен доаѓа со велосипед. Велат дека после завршувањето на пандемијата планираат заедничко патување.

På dagens cykeltur lagde jeg vejen forbi Møllehus grænse. Her mødte jeg disse to dejlige mennesker. Hun, 85 år og bor i…

Gepostet von Henrik Frandsen am Mittwoch, 25. März 2020